Народна банка продолжува со затегнување на монетарната политика
Вчера се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на монетарната политика...

Народна банка дополнително ја затега монетарната политика. Вчера се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на монетарната политика.
Донесена е одлука, каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за уште 0,5 проценти поенти. Сега изнесува 4,75 проценти. И каматните стапки на кредитот преку ноќ и на седум дена се зголемени за 0,5 проценти поени.
„Промените во поставеноста на монетарната политика се реакција на инфлацијата, девизниот пазар е стабилен“, објаснуваат од Народна банка, од каде што велат дека во ноември, за првпат годинава е прекинат трендот на забрзување на годишната инфлација.
Годишната стапка на инфлација во ноември изнесувала 19,5%, а просечната во единаесетте месеци од годинава е 13,8 отсто.
