мвр
Пронајдена дрога во Битола, еден приведен
14.12.2022 11:47
Вчера во 14.10 часот во Битола, полициски службеници од Криминалистичката полиција и Полициската станица од општа надлежност Битола...

Вчера во 14.10 часот во Битола, полициски службеници од Криминалистичката полиција и Полициската станица од општа надлежност Битола, го лишиле од слобода В.М.(22) од Битола.
По судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом каде биле пронајдени и одземени прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
