Македонија

Саем за вработување и практикантство во Битола

14.12.2022 12:14

Техничките науки стануваат сè поатрактивни за странските инвеститори. Домашните експерти сметаат дека допрва ќе со соочуваме со недостиг од овој квалитетен кадар кој по дипломирањето сè помалку чека во Агенцијата за вработување. Компаниите и преку денешниот саем на средба со напредните студенти кои бараат брзо вработување…

Нема развиена економија без заемна долгорочна соработка помеѓу компаниите и универзитетите. Денешниот Саем за вработување, практикантство и стипендии уште еднаш го покажа правилниот правец како компаниите да ги препознаат квалитетните студенти од Техничкиот факултет и како истите да ја обезбедат праксата и стипендиите. Неодамнешна новина која од агенциите го намалува бројот на невработени од овој кадар.

Соработката со пошироката заедница е патот за најдобра подготовка на нашите инженери. Битна е и теоријата, но праксата што би ја добиле како студенти е пресудна, велат од битолскиот универзитет каде се воведува проектот „Отворена врата“.

За да перспективите бидат уште подобри, на саемот со иновативни дела се претставија и дел од учениците од средните училишта, чии афинитети се техничките науки.

Стевче Митревски