Свет
Поројни дождови и поплави на Пиринејскиот Полуостров
14.12.2022 12:20
Во Португалија блокиран дел од патната инфраструктура. Уништени се повеќе станбени објекти. Евакуирани се 200 лица...

Поројни дождови и поплави на Пиринејскиот Полуостров. Во Португалија блокиран дел од патната инфраструктура. Уништени се повеќе станбени објекти. Наставата е откажана во неколку училишта во Лисабон. Слична е состојбата и во делови од западна Шпанија.
„Загубивме сè што имавме. Нивото на водата во нашиот дом се издигна над метар и половина. Сега треба да се расправаме со осигурувањето“, вели локална жителка.
Евакуирани се 200 лица.
