Косово

Ескобар: САД се против враќањето на српските сили

14.12.2022 12:37

Мирно, но и натаму тензично во северниот дел на Косово. Претставниците на Европската Унија и САД на Косов,о во обид да ја смират тензичната ситуација на северот. Претставникот на ЕУ, Лајчак, и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Ескобар, со косовскиот премиер Курти разговараа за да се деескалираат тензиите...

Претставниците на Европската Унија и на САД на Косово, во обид да ја смират тензичната ситуација на северот. Претставникот на ЕУ, Лајчак, и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Ескобар, со косовскиот премиер Курти разговараа за многу прашања со цел да се деескалираат тензиите.

Лајчак, рече дека ќе ја процени ситуацијата на терен, ветувајќи дека ќе дадат се од себе за да најдат можни решенија.

„Не можеме да си дозволиме само да чекаме да се случи нешто лошо. Тензиите не помагаат никому и мислам дека никој не е задоволен од ситуацијата. Многу работи беа кажани во последните денови. Атмосферата е прилично вжештена и затоа треба да се фокусираме на она што е најважно, луѓето да му се вратат во нормалниот живот и да се фокусираме на позитивна агенда“, порача Мирослав Лајчак, пратеник на ЕУ за дијалог Косово-Србија.

Според Ескобар, САД категорично се противат на враќањето на српските сили на северот на Косово.

„Се надевам дека ќе имаме начин за напредување на оваа криза во многу, многу блиска иднина. Охрабрен сум што специјалниот претставник на ЕУ е тука, а исто така ја изразувам мојата поддршка за неговите напори да се придвижи кон германскиот и францускиот предлог“, изјави Габриел Ескобар, специјален претставник на САД за Западен Балкан.

Ситуацијата на северот на Косово, каде што живее најголем дел од етничкото српско малцинство, е тензична во последните денови. Србите ги блокираа патиштата поради апсењето на поранешен полицаец од косовските Срби.

Марина Ристова