Лажни се и денешните дојави за бомби
Лажни дојави за бомби испратени утрово на мејл адреса во 15 скопски училишта. Учениците и персоналот безбедно евакуирани. Сепак, страв и паника меѓу нив. МВР веднаш интервенираше со антитерористички проверки. Учениците стравуваат, зашто имаат изгубено многу часови. Министерот за образование вели дека не се размислува за онлајн настава засега…

Петнаесет средни училишта во Скопје – мета на нови лажни дојави за поставени бомби. Откако на електронската адреса околу 8 часот стигнала заканата, полицијата го евакуирала наставниот кадар и учениците. Ваква дојава за првпат била упатена во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.
Од Министерството за образование велат дека засега, не размислуваат учениците наставата да ја следат онлајн. Министерот Шаќири за МТВ вели дека дел од училиштата веќе ги надоместиле изгубените часови.
Покрај училиштата во Скопје и Кавадарци изминатите денови, лажни дојави за бомби стигнаа и во институции, министерства, големи трговски центи и станбени објекти.
Досега сите закани беа лажни, а полицијата трага по сторителите. Министерот Спасовски изјави дека станува збор за класичен пример на хибридна закана.
Викторија Милевска
