Јагма за тутун, откупот може да заврши за две недели
Како никогаш досега експресно се одвива откупот на тутунот. Требаше официјално да почне утре, а за две недели се очекува да се откупи целата реколта. Компаниите го бараат и даваат класи, тутунарите не забележуваат на проценката, туку на исплатливоста...

Љупчо Талески произвел еден и пол тон тутун. Дел го донел на процена. Задоволен е што тутунот му поминал прва класа, во просек по 300 денари за килограм. Како никогаш досега се бара тутунот што побрзо да се преземе. Официјалниот откуп би требало да почне од утре, а веќе до крајот на месецов ќе се преземе целата реколта. Причините, главно, се во намалените количества, а зголемена побарувачка.
Зголемените цени за 20 насто се стимул, но не ги покриваат во целост трошоците за производство.
Годинашнава реколта се проценува на максимум 21.000 тони иако за тутунарите нема ниту 20.000 тони. Откупуваат десет компании, а просечната цена е 285 денари. Повисоки ќе бидат и субвенциите.
Елизбета Митреска
