Загреани за студот во Тампере
Преку Париз, па златната лига во Холандија, па светскиот куп во Лашко, турнирот во Чачак, до 9 дневните Струшки подготовки од јануари наваму, се темпира формата за Европскиот карате шампионат од четврток до недела во Тампере, Финска. Иако скромно се изјавува, зрелоста за подиум евидентна, констатацијата се наметнува од досега приложеното од нашите репрезентативци и во борби и во кати.

”Буквално од првиот до последниот очекувам дека можат да се смешаат во борба за медал. Нормално, ќе треба и некои други работи да се поклопат. И за екипниот дел и таму мислам дека ќе можеме многу добро да искотираме, па дури и да се бориме за медал. ”-оптимистички се размислите на Петар Белистојаноски селекторот во борби.
Континуитетот на злата од најмлада категорија, до сефтето меѓу најсилната, сениорската и бронзата таму, Берат Јакупи влегува во ново искушение за медал. За својот нов предизвик вели-”Сега сум поискусен, се надевам и сум оптимист дека со мала среќа можам да стигнам до поволен резултат.“
По сериозната повреда и операција на лигаментите на коленото повторно на татамите за високи дострели и Наташа Стефановска, која воздржано смета на поволен резултат, дека ќе го даде својот максимум, како впрочем и сите од репрезентацијата. Наташа уште вели ”сите заедно сме таму и ќе направиме се, за да се вратиме со добар резултат.“
Во кати последниве две години се има константен прогрес, ако 5-тото место изминатиов период некако беше како загарантирано, планот во Тампере е да се прекине тој малерозен низ. За да се стави крај Златко Димоски селекторот во кати, верува дека ќе биде потребна среќа и поволна жрепка за да се очекува и поволен резултат. Додава-”Многу важно ќе биде доколку не посака жрепката и во првоти коло ги немаме како за противници репрезентациите на Шпанија и Италија“.
Затоа поконкретна е Зорица Спиркоска репрезентативката во кати екипно која е сигурна дека покрај среќата која несомнено е битен фактор, искуството ја тера да биде децидна, па вели, ”Ќе земеме медал, оваа година веќе одиме на медал.“
Сите од најмладиот 17 годишниот Исиќ, до искусните девојки во катите, до најтрофејниот Јакупи, независно дали борби или кати, сите патуваат за Финска со една мисла, медал.
