Тетово
Работниците од АД Медицинска пластика ги бараат заостанатите плати, придонеси и акции
14.12.2022 13:40
Работниците од АД Медицинска пластика ги бараат заостанатите плати, придонеси и акции...

Вработени во поранешната фабрика АД Медицинска пластика- Тетово, 16 години ги бараат заостанатите плати, придонеси и акции. Денеска се сообраа пред фабриката да го искажат револтот.
Иако, како што велат, се најголеми доверители, фабриката се продала без да бидат исплатени.
Стечајната постапка е завршена пред повеќе од една деценија, сите 560 вработени имаат потпишано вонсудска спогодба за исплата на долгот, но до денес не добиле ниту денар, велат поранешните вработени.
