Бадникарска традиција

Избрани новите бадникарски кумови и здравичар

14.12.2022 13:48

На 25-ти декември во месноста Краста, на јужните падини на Водно, старите и новите бадникарски здравичари и кумови ќе засечат бадникарски гранчиња. Во месноста Краста, скопските бадникари ќе ги соберат бадниковите гранчиња, кои на 6-ти јануари ќе ги делат на граѓаните пред Соборниот храм...

Ванчо Стефков е новиот бадникарски здравичар, Марко Илковски и Мојсо Мојсовски се новите кумови. На 25-ти декември во месноста Краста, на јужните падини на Водно, старите и новите бадникарски здравичари и кумови ќе засечат бадникарски гранчиња за успешен почеток на новата година.

„Традицијата продолжува, следната година ќе прославите 30 годишен јубилеј, а ние сме тука како општина да помогнеме“, вели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Во месноста Краста, скопските бадникари ќе ги соберат бадниковите гранчиња, кои на 6-ти јануари, со години им ги делат на граѓаните на свеченоста на платото пред Соборниот храм Свети „Климент Охридски“, во пресрет на најсветлиот празник Божик.

Александра Спировска