Тракторите мора да се регистрираат

29.04.2014 09:13

До крајот на јуни годинава ќе можат да се регистрираат легализираните трактори. Во законскиот рок тоа го стрија скоро 20 000 земјоделци највеќе во Тетово,Битола и Струмица

До крајниот  рок до октомври 2013-та, 20 000 земјоделци поднеле барања за докажување на сопстевеноста на тракторите и механизацијата.

За експертите бројката е голема , и покажува дека повеќе од  една третина од  тракторите не легално се вклучувале во сообраќајот.

Според надлежното министерството за економија, фармерите до Јули годинава мора да го поминат техничкиот преглед.

По овој датум нема да  важи олеснета постпка за  регистрирација.

Со оваќе се подобри безбедноста на земјоделците и на другите учесници во сообраќајот.

Методија Трајков