Конкретни дела, а не само зборови- меѓународните партнери бараат ефикасност и судски разрешници
„Убави зборови не се доволни, требаат резултати“- по вложените средства, меѓународните партнери бараат ефикасност и судски разрешници. Невладини обвинуваат за партизираност на институциите. Власта вели- ова е проблем на целото општество…

Убавите зборови не се доволни во борбата против корупцијата, бидејќи граѓаните очекуваат резултати, порача евроамбасадорот Гир на регионалната конференција посветена на оваа тема.
Според него, државните институции мора заеднички да работат, да се воведат закони, но и казни и тие да се ефектуираат. Борбата против корупцијата, вели амбасадорот, подразбира отстранување на елити и воспоставени интереси коишто функционираат на ниво на криминал и корупција.
И САД со порака дека очекуваат резултати и внимателно следат колку од преземените обврски се оствариле.
Слаѓана Тасева од „Транспаренси“ посочува дека земјава го има проблемот со партизација на институциите и на тоа прашање мора да му се посвети
Тимот за санкции од Вашингтон што според најавата на американската амбасадорка дојде во земјава за да провери работата на сегашни и поранешни функционери пред заминувањето не се сретнал со вицепремиерката Грковска, за што таа вели оти немало потреба од таква средба.
Според извештајот на Европската комисија, трошокот од корупцијата изнесува 20 милијарди евра годишно.
Анита Димитријевска Велковска
