штип

Аерозагадувањето е резултат на енергетската криза, од ескалација не штитат поволните климатски услови

14.12.2022 14:28

Аерозагадувањето е проблем за скоро сите урбани средини во државата. Мерните станици бележат зголемување на штетните материи, но за сега нема енормно и долготрајно загадување. Релативно топлото време и ветровите за сега не штитат од ескалација на проблемот.

Аерозагадувањето е резултат на енергетската криза. Експертите велат, се користат енергенси кои освен што го контаминираат амбиентниот воздух, исклучително се штетни за оние кои ги користат.

Мерните станици бележат зголемена концентрација на сулфур диоксид и ПМ честички. До сега од ескалација на загадувањето не штитат поволните климатските услови.

Според Мираковски, решението е во производство на енергија од обновливи извори. Во Штип ќе се гради најголемата фотоволтаична електрана на балканот, а во фаза на изградба е и парк на ветерници. Инаку екологијата е дел од студиските програми на Факултетот за природни и технички науки, наследник на Рударско - геолошкиот факултет кој денес одбележа 45 години работа.

Славица Величковска