САД
15 милиони луѓе погодени од снежно невреме
14.12.2022 18:37
Околу 15 милиони луѓе во десетина американски држави се погодени од снежни бури и силен ветер. Големи снежни врнежи во Калифорнија...

Околу 15 милиони луѓе во десетина американски држави се погодени од снежни бури и силен ветер. Големи снежни врнежи во Калифорнија.
Предупредувања за ледено невреме на горниот среден запад и по должина на Мексиканскиот залив. Јужниот дел на земјата е погоден од торнада.
Повеќето патишта од Небраска до Колорадо се затворени. Метеоролозите велат дека ваква бура се појавува еднаш на пет години.
