Украина

Идејата за трибунал за Киев без поддршка во ЕУ

14.12.2022 18:40

Членките на ЕУ не постигнаа договор за формирање меѓународен трибунал, кој ќе ги гони наводните руски воени злосторства во Украина. Во меѓувреме, битките продолжуваат...

Членките на ЕУ не постигнаа договор за формирање меѓународен трибунал, кој ќе ги гони наводните руски воени злосторства во Украина. Во меѓувреме, битките продолжуваат.

Руските сили ја погодиле зградата на регионалната администрација во Херсон, велат украинските власти.

Серија експлозии и во Киев. Руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина носат зголемени ризици за седум милиони деца во време на зимски температури, предупреди УНИЦЕФ.