Косово

ЕП и Советот на ЕУ постигнаа договор за визна либерализација за Косово

15.12.2022 09:19

Комисијата целосно го поддржува безвизниот режим со Косово како приоритетно прашање. Според нив, Косово ги исполнува сите одредници за визна либерализација...

Преговарачките тимови на Европскиот парламент и на Советот на Европската унија (ЕУ) на 14-ти декември постигнаа договор за укинување на визите за граѓаните на Косово.

Комисијата целосно го поддржува безвизниот режим со Косово како приоритетно прашање. Според нив, Косово ги исполнува сите одредници за визна либерализација. 

Според постигнатиот договор, граѓаните на Косово ќе бидат ослободени од визниот режим кога ќе се воспостави Европскиот систем за информации и овластување за патување (ЕТИАС), а во секој случај до 2024 година.

„По договорот, целиот регион на Западен Балкан би имал слична визна рамка кон Шенген зоната. Законодавците го поздравуваат напредокот што Косово го постигна во патоказот за визна либерализација“, се вели во соопштението објавено од Европскиот парламент (ЕП).