Бектеши на министерски состанок на Енергетската заедница во Виена
Со состанокот ќе претседава Герман Галушченко, министер за енергетика на Украина како земја преседавач со Енергетската заедница, а свое обраќање ќе има и Кадри Симсон, еврокомесар за енергетика на Европската Унија...

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува на 20. Министерски состанок на Енергетска заедница кој се одржува во Виена, Австрија.
Со состанокот ќе претседава Герман Галушченко, министер за енергетика на Украина како земја преседавач со Енергетската заедница, а свое обраќање ќе има и Кадри Симсон, еврокомесар за енергетика на Европската Унија.
На состанокот ќе се дискутира за повеќе теми од енергетиката, кои се опфатени со Договорот за основање на Енергетската заедница. Главна точка на разговор помеѓу министрите за енергетика ќе биде енергетската криза и безбедност во снабдувањето со енергенси.
