Македонија

Во Собранието продолжува седницата на Комисијата за надзор на АНБ за случајот Онишченко

15.12.2022 09:31

Спикерот Џафери информира дека извештајот е готов. Се очекува Димовски да се појави на Комисијата и да објасни како украинскиот олигарх добил македонски пасош.

Во Собранието, без присуство на јавноста треба да продолжи седницата на Комисијата за надзор на АНБ и Агенцијата за разузнавање, за случајот Онишченко.

Претходната беше прекината откако во јавноста излегоа аудио-снимки преку Јутјуб каналот, по што МВР отвори истрага.

Спикерот Џафери информира дека извештајот е готов. Се очекува Димовски да се појави на Комисијата и да објасни како украинскиот олигарх добил македонски пасош.

Претходно самиот призна пропусти на АНБ во случајот со Онишченко, посочувајќи дека еден од оперативците иако имал обврска, не ги проверил податоците преку партнерските служби, а потпишал дека нема пречки украинскиот бизнисмен да добие македонско државјанство.

По реакциите и во јавноста, владата му го одзеде пасошот на Онишченко.