Османи во еднодневна работна посета на Атина
Како што соопштија од МНР, во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи и соработката меѓу двете земји, европското досие на нашата земја, сојузништвото во НАТО и геополитичките предизвици во регионот, како и приоритетите на претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Грција. Ќе оствари средби со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и министерот за животна средина и енергетика Ксотас Скрекас.
Како што соопштија од МНР, во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи и соработката меѓу двете земји, европското досие на нашата земја, сојузништвото во НАТО и геополитичките предизвици во регионот, како и приоритетите на претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.
Османи и Дендиас ќе имаат тет-а-тет средба во грчкото МНР, по што ќе следи состанок на двете делегации. Со министерот за енергетика Скрекас, ќе се разменат информации за соработката меѓу двете земји во областа на енергетиката, а во контекст на актуелните предизвици поврзани со диверзификацијата на изворите за енергетско снабдување.
