Македонија

Дојави за бомби во неколку основни училишта во Скопје

15.12.2022 09:51

Дојави за наводно поставени бомби утрово пристигнале во основните училишта „Љубен Лапе“, „Браќа Миладиновци“, „Блаже Конески“, „Александар Македонски“...

Изутринава повторно нови анонимни дојави за поставени бомби во неколку скопски основни училишта, повеќето во Општина Аеродром. Екипите за антитероризам се на терен.

Дојави за наводно поставени бомби утрово пристигнале во основните училишта „Љубен Лапе“,  „Браќа Миладиновци“, „Блаже Конески“, „Александар Македонски“, „Лазо Ангеловски“.

Учениците се евакуираат. Полицијата прави антитерористички проверки.