Свет
Во Брисел денеска се одржува прв Самит ЕУ-Асеан
15.12.2022 10:24
Европските лидери сакаат заедничка изјава, во која војната во Украина се опишува како чин на руска агресија...

Европската унија и Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија во Брисел на прв Самит фокусиран на економијата и климата. Европските лидери сакаат заедничка изјава, во која војната во Украина се опишува како чин на руска агресија.
Сингапур воведе санкции кон Русија, но Лаос, Тајланд и Виетнам беа воздржани на гласањето во Обединетите нации во октомври за осуда на руската анексија на украинските региони.
