Свет
По поразот на Мароко приведени стотина навивачи
15.12.2022 10:31
Навивачите се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир, оштетување полициски возила и поседување забранети огномети. Неколку лица беа уапсени и во текот на нередите во антверпен, северно од главниот град...

Околу стотина навивачи биле приведени во Брисел поради нереди, по поразот на Мароко од Франција во полуфиналниот натпревар на светското првенство во фудбал во Катар.
Навивачите се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир, оштетување полициски возила и поседување забранети огномети. Неколку лица беа уапсени и во текот на нередите во антверпен, северно од главниот град.
Момче загина кога автомобил влета во група марокански фудбалски навивачи во монпеље, франција по фудбалскиот натпревар. Полицијата врши увид.
