МВР

175 санкции за брзо возење

15.12.2022 10:39

Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 175 возачи.

Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 39 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 136 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР.