Исклучена струјата во МЖ Транспорт
Железница од утринава без електрична енергија. МЖ Транспорт не успеа да го плати долгот којшто надминува 6,5 милиони евра поради што ЕВН почна со спроведување на својот план за исклучување...

Железница од утринава без електрична енергија. МЖ Транспорт не успеа да го плати долгот којшто надминува 6,5 милиони евра поради што ЕВН почна со спроведување на својот план за исклучување
ЕВН денеска до пладне ќе чека писмена гаранција од Владата дека ќе се плати долгот на Клинички, којшто пак е повисок од седум милиони евра. Ако тоа не се случи Клинички центар „Мајка Тереза“, од денеска ќе биде без струја.
Клинички повеќе од три години не ги плаќал сметките за струја. Владата бара средства од други ставки од буџетот за да го подмири милионскиот долг.
Пред три дена премиерот Димитар Ковачевски, изјави дека обврска на државата и на Министерството за финансии е да обезбеди средства за непречено функционирање на Клиничкиот центар во Скопје, откако претходно беше објавено дека Клинички должи над 7 милиони евра за струја и дека може да му се исклучи струјата.
