Македонија

Велес: Со аукција на уметнички дела и продажба на ракотворби собрани 130 илјади денари

15.12.2022 11:50

На аукција на уметнички дела и продажба на новогодишни украси и препарати од органски лековити билки, организирана од Здружението на лица со церебрална парализа, одржана во Велес, се собраа 130 илјади денари. Собраните средства ќе се искористат за работа на четирите мали групни домови, каде живеат поранешни штитеници од Заводот од Демир Капија...

Од хуманитарно продажниот настан на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес се собраа 130 илјади денари. Се продаваа уметнички дела, донирани од 20 автори, како и рачно изработени новогодишни украси, и органски лековити билки произведени од лицата на Здружението.

Поводот за овој настан беше 25 години од постоењето на Здружението. Сите 20 лица со попреченост, беа присутни на аукцијата. Дел од производите тие сами изработија.

Донираните уметнички дела беа отстапени од страна на уметниците без надомест.

Вакви мали групни домови во кои се згрижени 20 корисници, поранешни штитеници од Специјалниот завод од Демир Капија има четири, по еден во Велес и Башино Село и два во Градско.

Петар Печков