Зекири ги отфрли обвинувањата, не чувствува вина
Поранешниот генерален секретар на Владата – Мухамед Зекири ги отфрли обвинувањата дека во четири очи, свесно, незаконски склучил тендери за консултантски услуги и го оштетил буџетот за 1,4 милиони евра. Одбраната тврди-во обвинението никаде не се наведува кои законски одредби се прекршени и не е причинета материјална штета...

Не чувствува вина за злоупотреба на службената положба и овластувањето. Поранешниот генерален секретар на Владата – Мухамед Зекири ги отфрли обвинувањата дека во четири очи, свесно, незаконски склучил тендери за консултантски услуги и го оштетил буџетот за 1,4 милиони евра.
Договорите, според Обвинителството се однесуваат за определување модел за реструктурирање на АД „Пошти“ и за поддршка на процесот за потенцијална приватизација на „Железници“.
Одбраната тврди-во обвинението никаде не се наведува кои законски одредби се прекршени и не е причинета материјална штета.
На барање на одбраната како сведоци ќе бидат сослушани сопартијците на Зекири-министерот за транспорт Благој Бочварски, вицепремиерот Фатмир Битиќи и поранешниот директор на Пошти, Јани Макрадули.
Ново рочиште е закажано за 30-ти јануари.
Анита Димитријевска Велковска
