Прилеп

Акциските тимови клучни против насилниот екстремизам

15.12.2022 12:56

Македонија има национален комитет, а веќе три години и акциски тимови во пет града за справување со насилниот екстремизам кој го има во повеќе облици. Според новата стратегија за 2023-та до 2026-та, клучни ќе бидат акциските тимови, ама да ги има во сите градови. Дејствувањето прво да почнува меѓу младите...

Работа прво со децата од најмала возраст, па со младите и возрасните. Прилеп е еден од петте градови каде втора година функционира акцискиот тим против насилниот екстремизам. Градот веќе се соочил со неколку облици и перманентното дејствување е неопходно.

Акциските тимови во градовите ќе бидат клучни во соочувањето, намалувањето и исклучувањето на насилниот екстремизам од заедницата. Неопходни се во сите градови.

Акциски тимови има и во Чаир, Кичево, Гостивар и Струга. Досега во Прилеп се организираа спортски натпревари меѓу  училишта за запознавање со меѓуетничките организации, изложба, а сега и донација во градинките.

 

Елизабета Митеска