Пендаровски нема да го свика Советот за безбедност, ситуацијата е под контрола
Претседателот вели дека безбедносната ситуацијата е под контрола и дека нема опасност за животот на граѓаните. МВР е во постојана координација со безбедносните служби од партнерските земји, но засега сè уште нема осомничени...

Претседателот Пендаровски смета дека нема потреба да го свика Советот за безбедност. Вели дека безбедносната ситуацијата е под контрола и дека нема опасност за животот на граѓаните. МВР е во постојана координација со безбедносните служби од партнерските земји, но засега сè уште нема осомничени.
„Тоа се ИП адреси кои се најчесто од странство и тешко се доаѓа до луѓето кои ги менаџираат и од тој аспект не можам да навлегувам. Меѓутоа од оперативниот аспект, јас ве уверувам дека сите надлежни органи се максимално, и не дозволуваат некој навистина да подметне каква било направа во нашите училишта“, вели претседателот Пендаровски.
Министерот за внатрешни работи, Спасовски нагласи дека има штаб кој постојано работи на оваа проблематика, не само одделот за дигитална форензика. Сите меѓународни партнери се известуваат, додава Спасовски и вели-најчесто станува збор за ВПН конекции преку кои не можете да добиете една точна ИП адреса, туку станува збор за илјадници.
