Битола

Монографија „Сексуално вознемирување на универзитетите во земјава“

15.12.2022 13:59

Во монографијата „Сексуалното вознемирување на универзитетите во нашата земја“ издадена од група професори на Битолскиот универзитет презентирани се едно и пол годишните истражувања на оваа тема. Првичните резултати, велат дека околу десет отсто од испитаничките посочиле дека биле сексуално вознемирувани на некој начин. Но. голем е процентот на оние кои истото не го препознаваат или поради отсуство на посебни правилници за заштите не го пријавуваат на универзитетите...

Со едно и пол годишното истражување биле опфатени 33-сет студенти од девет универзитети во земјава. Резултатите публикувани во монографијата „Сексуално вознемирување на нашите универзитети“ говорат дека околу десет проценти од испитаниците, главно од женскиот пол, посочиле дека биле сексуално вознемирувани на некој начин од можните форми, во кој може да се јави овој феномен.

Истражувачите, причините за тоа ги лоцираат во фактот што, засега, за формалното правно уредување во односот на сексуалното вознемирување во академски контекст не постојат правни акти, туку во дел од нив тоа е предвидено само во нивните етички кодекси што влијае и на препознавањето на проблемот.

Во целата аномалија она што е добро, е што веќе во второ читање се поминати измените на Кривичниот законик, така што, за скоро, сексуалното вознемирување ќе стане кривично дело.

Стевче Митревски