Велес веќе ги чувствува придобивките од штедливите светилки
Штедливите светилки во Велес веќе ги даваат резултатите. Градот штеди електрична енергија и троши многу помалку пари за осветлување. Истовремено се намалува и уличното загадување. Граѓаните веќе ги чувствуваат придобивките...

Се пониски месечни сметки за потрошена електрична енергија за улично осветлување добива општина Велес. Замената на старите светилки со нови, штедливи го дава двојниот бенефит. Со помалку пари се добива подобро светлување во градот и приградските населби.
„Светилките се менуваат во приградските населби и селата. Значи Раштани е завршена ситуацијата сега се менуваат светилките во Бузалково“, рече Славчо чадиев, градоначалник на општина Велес.
Покрај економската, замената на живините со натриумови светилки има и еколошки ефект.
„Овие се економични светилки кои ќе овозможат ем помала потрошувачка на електрична енергија, а од друга страна ќе го овозможат намалување на светлосното загадување кое сега е присутно на улиците и ќе ја намалат емисијата на CO2“, изјави Коста Настевски, сектор за урбанизам - општина Велес.
Замена на 2.915 живини светилки на 54 улици во градот, според динамиката на промена треба да заврши за шеесетина дена. Жителите од улиците каде веќе светолките се променети , велат сега е подбро.
„Убаво е сите улици ни с еосветлени...Има улици каде што сеуште фали, но доста е подобрено него што беше...Супер, многу убаво осветлено е“, велат случајно анкетираните велешани.
Промената на светилките, општина Велес ќе ја чини околу 18 милиони денари. Парите се обезбедени преку кредит од Светска банка.
Дијана Иванова
