Владата ќе го плати долгот на државните институции
ЕВН почна да ги исклучува државните институции. Железници-Транспорт изутрина остана без струја, поради неплатен долг од над 6,5 милиони евра. За долгот на клинички центар „Мајка Тереза“ од 7 милиони евра, од ЕВН чекаат писмена гаранција од Владата дека ќе се плати. Премиерот и вицепремиерот за економски прашања уверуваат дека има решение за проблемот и оти долгот кон ЕСМ ќе биде намирен…

Владата ќе ги покрие долговите за неплатена струја на државни институции и на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ со пренамена на средствата од буџетот, се чека Собранието да даде зелено светло, изјави премиерот Ковачевски.
Владиниот став доаѓа откако ЕВН накратко ја исклучи струјата на Железници-Транспорт во депото во Скопско Лисиче и во објектите во Велес, поради долг од 6,5 милиони евра, но набрзо повторно компанијата доби електрична енергија. Не требаат други гаранции, владата ќе го покрие долгот соодветно, вели вицепремиерот Битиќи.
Сè уште се прават калкулации за цената на струјата, но од ЕСМ велат дека значително зголемување нема да има, најавија можност за поевтинување за одредени категории граѓани. Директорот Ковачевски, вели, се прави баланс, оние што помалку трошат да платат помалку, тие со поголема потрошувачка повеќе.
Сè очекува до крајот на следната недела Регулаторната комисија за енергетика да ја донесе одлуката за цената на електричната енергија што ќе важи од 1-ви јануари идната година. Засега се знае само дека ќе се зголеми ДДВ-то од сегашните 5 на 10 отсто.
Игор Панов
