Македонија

Повторно одложена седницата на Комисијата за надзор над безбедносните служби за случајот „Онишченко“

15.12.2022 15:00

Ново одложување на седницата на собраниската Комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање. Не се појави екс-директорот на АНБ, Виктор Димовски...

Ново одложување на седницата на собраниската Комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање. Овој пат причина е неприсуството на поранешниот директор на АНБ, којшто требаше да продолжи со реферирањето за улогата на Агенцијата за безбедност, поради позитивно мислењето за добивање македонско државјанство на бизнисменот Онишченко. Според претседателот на собраниската комисија, отсуството на Димовски како и на било кој вработен во агенцијата е неодговорно, особено, како што рече, во период на безбедносни ризици во кои се наоѓа земјава и регионот.

Пренџов најави дека седницата ќе продолжи кога ќе има услови за тоа, како ни дека ќе бара извештај и од новиот директор Зарко Милошевски. На претходната расправа на седницата ексдиректорот Димовски рече дека имало пропуст. Сепак, заминува на амбасадорската позиција во Париз. Премиерот Ковачевски одговори зошто се испраќа таму, бидејќи скандалот се случил за време на раководењето со АНБ.

Во меѓувреме, Владата му го одзеде македонското државјанство на Онишченко.

 

Марина Стојанова Тонева