Русија

Поставена интерконтинентална балистичка ракета

15.12.2022 16:45

Руската војска постави балистичка ракета Јарс на лансирна рампа во регионот Калуга...

Руската војска постави балистичка ракета Јарс на лансирна рампа во регионот Калуга.

Од формацијата Козелски изјавија дека со ова, земјата добива уште еден примерок на нуклеарно ракетно оружје за решавање на сите задачи на стратешко ниво.

Претходно Вашингтон најави дека ги финализира плановите за испраќање напреден систем за противвоздушна одбрана со долг дострел во Украина за да ѝ помогне во запирање на руските напади.