Фрај: Изборните резултати да се прифатат онакви какви се

29.04.2014 10:15

Парламентарецот Фрај, кој инаку е известувач за Македонија во пратеничката група на демохристијаните на канцеларката Ангела Меркел, потсетува дека ОБСЕ немал големи забелешки за текот на гласањето...

Пратеници од владејачката демохристијанска коалиција во Германија сметаат дека изборната победа на премиерот Никола  Груевски е континуитет на владата.

Според пратеникот Торстен Фрај во изјавата за Дојче Веле на Македонски, изборните резултати траба да се прифатат онакви какви се.

„Одржаните претседателски и парламентарни избори во Македонија ги потврдија очекувањата дека владеачката партија на премиерот Никола Груевски во Собранието повторно ќе биде присутна иако не со апсолутно, туку со убедливо мнозинство, со што ќе може да ја продолжи својата работа за Македонија“, изјави Фрај.

Парламентарецот Фрај, кој инаку е известувач за Македонија во пратеничката група на демохристијаните на канцеларката Ангела Меркел, потсетува дека ОБСЕ немал големи забелешки за текот на гласањето. Изборните резултати треба да се прифатат во секоја демократија, го коментираше ставот на СДСМ германскиот пратеник Фрај.