Македонија
Синодот на БПЦ официјално соопшти дека ја призна МПЦ според томосот на СПЦ
15.12.2022 16:54
Бугарската православна црква донесе одлука „за признавање на томосот со кој Српската црква ѝ дава автокефалност на Македонската православна црква“...

Бугарската православна црква донесе одлука „за признавање на томосот со кој Српската црква ѝ дава автокефалност на Македонската православна црква“. Синодот на БПЦ смета дека МПЦ-ОА треба да се нарекува „Православна црква во Република Северна Македонија“.
Медиуми во Софија ги критикуваат ставовите на членовите на Синодот на БПЦ оценувајќи дека тие најверојатно се усвоени под влијание на раководителот на Одделот за надворешни работи на Московската патријаршија, митрополитот Волоколамски Антониј, кој минатата недела престојуваше во посета на Софија и неколку епархии во Бугарија.
