мвр

МВР: 118 санкционирани возачи во Скопје

16.12.2022 08:56

На територија на град Скопје изречени се вкупно 118 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за непрописно престројување на возила...

Во текот на вчерашниот ден МВР продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 118 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за непрописно престројување на возила.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апппелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.