Британсканта полиција го уапси ученикот од Лидс кој ја избоде до смрт својата учителка
Професорката по шпански јазик Ама Магир, која се здобила со неколку убодни рани, починала од добиените повреди, откако била префрлена во болница...

Британската полиција го уапси 15 годишниот ученик кој до смрт ја избодел 61-годишна наставничка пред останатите ученици во едно училиште во Лидс на северот на Англија.
Професорката по шпански јазик Ама Магир, која се здобила со неколку убодни рани, починала од добиените повреди, откако била префрлена во болница.
Момчето ја нападнало наставничката пред очите на соучениците, кои успеале да го повикаат обезбедувањето на училиштето, но веќе било доцна. Убиецот е уапсен и предаден на полицијата.
Засега не е познат мотивот за убиството. Премиерот на Велика Британија овој напад го нарече „длабоко шокантен“.
