Дојави за бомби на Скопскиот аеродром, „Александар Палас“, салата „Борис Трајковски“, ТЦ „Ист гејт“, ФФМ
Изутринава нови дојави за бомби на повеќе локации во Скопје. Во тек е итна евакуација на патници и вработени на скопскиот аеродром. Дојави за бомби има и во „Александар Палас“, во салата „Борис Трајковски“ и во Фудбалската федерација. Во тек е евакуација...

Изутринава нови дојави за бомби на повеќе локации во Скопје. Во тек е итна евакуација на патници и вработени на скопскиот аеродром, откако тамошни служби добиле дојава за наводно поставена бомба. Засега откажани се сите полетувања од аеродромот.
Дојави за бомби има и во „Александар Палас“, во салата „Борис Трајковски“, во трговскиот центар „Ист гејт“ и во Фудбалската федерација. Во тек е евакуација, антитерористичките екипи се на терен за рачистување на случајот.
Претседателот Пендаровски вчера изјави дека нема да го свика Советот на безбедност поради хибридните закани, бидејќи безбедносната ситуација е стабилна.
Вчера имаше околу 50-тина дојави за бомби во Скопје и во Куманово. Сите беа лажни.
