Вучиќ: Испраќаме барање до КФОР
Претседателот на Србија Вучиќ изјави дека Србија решила барањето да се овозможи враќање на српските воени и полициски сили на Косово, денеска да биде доставено на административните премини...

Претседателот на Србија Вучиќ изјави дека Србија решила барањето да се овозможи враќање на српските воени и полициски сили на Косово, денеска да биде доставено на административните премини. Барањето синоќа требало да биде по електронска пошта испратено до КФОР. Тоа е важно за заштита на населението и контрола на премините, бидејќи тоа би ги намалило тензиите, изјави Вучиќ, додавајќи дека е „сигурен“ оти барањето нема да биде прифатено.
Белград донесе одлука да испрати припадници на своите безбедносни сили како реакција на зголеменото присуство на косовската полиција на северот на Косово.
Инаку синоќа бил уапсен поранешниот припадник на косовската полиција од северниот дел косовска Митровица.
