САД

Изгласан закон за одбрана од 858 милијарди долари

16.12.2022 10:14

Американскиот сенат усвои закон со кој се одобруваат рекордни годишни трошоци за одбрана од 858 милијарди долари, што е за 45 милијарди долари повеќе од предлогот на претседателот Џозеф Бајден..

Американскиот сенат усвои закон со кој се одобруваат рекордни годишни трошоци за одбрана од 858 милијарди долари, што е за 45 милијарди долари повеќе од предлогот на претседателот Џозеф Бајден.

Законот е поддржан со огромно мнозинство на сенатори од Републиканската и Демократската партија.

Законот ќе биде испратен во Белата куќа, каде што се очекува американскиот претседател Бајден брзо да го потпише.