Енергетика

Со домашно производство целосно задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

16.12.2022 10:30

Во Термоелектраните произведени се 13.235 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.256 MWh.

АД ЕСМ вчера произведе 15.491 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 13.235 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.256 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 850 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата, информираат од владината прес- служба.