Малезија

Најмалку осум кампери загинаа во свлечиште

16.12.2022 11:03

Најмалку осум лица загинаа при лизгање земјиште во камп во Малезија...

Најмалку осум лица загинаа при лизгање земјиште во камп во Малезија. Спасени биле 53 лица, а седуммина се повредени.

Спасувачите веруваат дека околу 90 луѓе биле во кампот во Батанг Кали, околу 50 километри северно од Куала Лумпур. Премиерот на Малезија денеска ќе отпатува на местото на несреќата.