Јапонија ги поддржа санкциите кон Русија
Јапонското Министерство за надворешни работи не ги објави имињата, функциите, ниту националноста на 23 лица на кои се воведени визни ограничувања...

Јапонија воведува визни ограничувања за 23 руски државјани, ден откако САД и Европската унија воведоа нови санкции против Москва, поради нејзиното дејствување во текот на украинската криза.
„Јапонија изразува голема загриженост поради тоа што дејствувањата на Русија се насочени кон суверинитетот и територијалниот интегритет на Украина, вклучувајќи ја и анексијата на Крим“, стои во соопштението на јапонскиот министер за надворешни работи Фумија Кишиде, пренесува Ројтерс.
Јапонското Министерство за надворешни работи не ги објави имињата, функциите, ниту националноста на 23 лица на кои се воведени визни ограничувања, но се наведува дека листата базирана на списокот кои ја објавија САД и ЕУ.
