Македонија

Грипот стигна порано, вирусите се преклопуваат

16.12.2022 12:31

Поради пандемијата и мерките, грипот под двегодишна пауза стигна, и тоа порано. Во државава е присутен спорадично, максимумот допрва доаѓа. Препораките се, внимателност со здравјето…

Грипот порано стигна, ама не го достигнал максимумот. Во амбулантите во Прилеп веќе има притисок од пациенти. Секојдневно во една амбуланта на респираторни инфекции се жалат 30 до 40 заболени.

Две години грипот го немаше поради пандемијата и ковид-мерките, сега стигна порано. Во државава е присутен спорадично. Од 209 случаи, во Прилеп се пријавени 19. Тешки кашлици, високи температури. Сега имаме преклопување на вирусите.

Според епидемиолозите, грипот нема да биде поразличен од претходните години.

Максимумот на грипот се очекува кон крајот на декември и во јануари, а не е исклучен и вториот месец од годината.

Елизабета Митреска