200 евра казна за палење оган, 50 евра за оставање отпад на 1-ви Мај

29.04.2014 11:25

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ ќе вршат контрола на јавните површини...

Граѓаните кои планираат претстојниот празник 1 Мај да го поминат во природа, особено на Водно, Гази Баба, Сарај, Езеро Треска, Матка и други излетнички места, да не палат оган и да не фрлаат отпад, апелираат Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“.
 
Како што соопштија, нивни екипи ќе вршат контрола на јавните површини.
 
„Потсетуваме дека казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра“, предупредуваат Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“.