Регион

Предадено барањето за враќање на српските сили на Косово

16.12.2022 12:36

На административниот премин „Мердаре“ до КФОР е доставено барањето за враќање на стотина до илјада припадници на српските безбедносни сили на Косово. Белград се повика на резолуцијата 1 244...

На административниот премин „Мердаре“ до КФОР е доставено барањето за враќање на стотина до илјада припадници на српските безбедносни сили на Косово. Белград се повика на резолуцијата 1 244. Претседателот Вучиќ рече дека таквиот чекор е важен за заштита на населението и контрола на премините, бидејќи тоа би ги намалило тензиите.

„Не мислам дека постои можност да го прифатат нашето барање. Не затоа што би било лошо, ако мислат малку подобро дека ќе придонесе за мир, ќе придонесе за намалување на тензиите, тоа би придонело за сосема поинаква перцепција за иднината и можност за меѓусебно изнаоѓање компромисни решенија“, вели Претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Властите во Приштина категорично ја отфрлија таквата можност. Тензиите повторно се разгореа откако синоќа бил уапсен уште еден поранешен припадник на косовската полиција, етнички србин од северниот дел на косовска Митровица.

„Ни кажаа само дека е уапсен. Отидов во јужниот дел на Митровица во регионот на станицата, но таму беа груби. Барав информација, дали е вистина дека мојот сопруг е уапсен и каде е. Имаме информации дека е префрлен во Приштина.  Не можеме да го видиме и е обвинет за воени злосторства“, изјави  сопругата на уапсениот полицаец.

Србите веќе неколку дена се на барикадите на северот на Косово во знак на протест против апсењето на поранешен полицаец од косовските Срби. И во двете земји викендов заседаваа советите за безбедност.

 

 

Марина Ристова