Албанија: Македонија и Косово да се приклучат кон Јадранско- јонската група
29.04.2014 11:35
Иницијативата не би била целосна без овие две земји, оценуваат албанскиот премиер, Еди Рама и спикерот Илир Мета...

Албанија побара Македонија и Косово да се приклучат кон Јадранско- јонската група, бидејќи иницијативата не би била целосна без овие две земји, оценуваат албанскиот премиер, Еди Рама и спикерот Илир Мета.
Ова е истакнато на конференцијата што се одржува во Тирана каде што учестуваат претседателите на парламентите на земјите членки на оваа група.
Во оваа иницијатива членуваат осум земји, Италија, Словенија, Хрватска, Грција, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.
