Димовски: Во истрагата да се вклучат сите безбедносни и разузнавачки сили
Според университетскиот професор Димовски, во истражните дејствија покрај партнерските служби на земјите членки на НАТО, треба да се соработува и со светските интернет провајдери кои имаат начин да постават одредени филтри за полесно да се лоцираат заканувачите...

Фактот што дојавите на бомби се и за институции и објекти каде што треба да присуствуваат и највисоките државни функционери упатува на заклучокот дека овие лице се во земјава или од странство, но имаат силна соработничка мрежа во земјава и активно ги следат политичките процеси, вели за МТВ професорот на Факултетот за безбедност, Злате Димовски. Според него, истрагата треба да се вклучат сите безбедносни и разузнавачки сили.
Според Димовски, во истражните дејствија покрај партнерските служби на земјите членки на НАТО, треба да се соработува и со светските интернет провајдери кои имаат начин да постават одредени филтри за полесно да се лоцираат заканувачите кои сериозно ја нарушуваат јавната безбедност и внесуваат страв и вознемиреност кај населението. Димовски предупредува дека ваквата ситуација може да ја искористат екстремно радикални структури.
Заканите со подметнување бомби, засега остануваат само како лажни пријави во МВР, но сепак, предизвикуваат силен психолошки ефект на страв кај популацијата.
Игор Панов
