Македонија

Дојави за бомби во пет битолски основни училишта, учениците евакуирани

16.12.2022 14:05

Во пет од 11 битолски основни училишта пристигнаа дојави за поставени бомби. Учениците од првите смени се веднаш евакуирани, но револт поради доживеаниот стрес искажуваат родителите. Училишните психолози со апел ова да престане, бидејќи може психички да се одрази на развојот на децата.

Бранот на дојави за поставени бомби во училишните установи стаса и до Битола. Учениците испратени дома, а пред училишните згради директорите со наставниот кадар. На самото место и по некој родител.

Амет Рустемов е родител на три деца кои учат во училиштето „Ѓорги Сугарев“. Вели дека ова е голем стрес.

Во паника и наставниот кадар. Училишниот психолог Марија Ковачевска вели дека се трудела во тој момент да биде смирена. Вели, влегов во училниците ги зедов дечињата за рака велејќи им дека ќе одржат кратка настава во природа. Апелира да се престане со овие закани, пред сè поради психолошкиот развој кај децата.

Првата смена во ова училиште ја посетуваат околу 300 основци. Евакуацијата се одвивала според установената процедура.

Филиповски вели, се во контакт со колегите и од другите засегнати училишта. Инаку, по направениот увид, со соопштение се огласија и од СВР Битола. По темелниот претрес на училишните згради констатацијата е дека и тука се работи за лажни дојави.

Стевче Митревски