ЕСМ понуди повисока цена на струјата, регулаторна ќе прави пресметки
ЕСМ на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум му понуди повисока цена на електричната енергија за 16 проценти, или 56 евра за мегават час. Регулаторна ќе прави пресметки, премиерот Ковачевски ги смирува граѓаните – нема да дозволиме ценовен шок …

56 евра за мегаватчас е цената на електрична енергија која ЕСМ му ја понуди на ЕВН Хоум за првите шест месеци од наредната година. Таа се однесува за покривање на 100% од вкупно планираните количини и е за околу 16% повисока од сегашната од 48 евра за мегаватчас.
На потег сега е Регулаторната комисија за енергетика која треба да донесе одлука. Премиерот Ковачевски тврди дека нема да има ценовен шок за граѓаните. Сепак, за дел од нив кои трошат повеќе струја можно е да има поскапување, но не и за оние кои штедат.
За милионските долгови за струја на државните претпријатија, и за најавите за исклучување на Клинички центар, опозицијата побара одговорност од власта. Од ВМРО-ДПМНЕ се децидни дека лошото менаџирање на директорите не може постојано да се покрива со народни пари.
Регулаторната комисија цената ќе ја формира земајќи ги предвид и трошоците на енергетски оператори.
Фиљана Кока
